Српскиот фолклорист Стефан Верковиќ во предговорот на својот зборник македонски народни песни од 1860-та г. сведочи за присутноста на бугарското име кај македонското население. Но тој исто така нагласува дека тоа е повеќе ПОЛИТИЧКО име, отколку народно (етничко).
“Болгари“(voulgaroѕ) бил византиски, па грчки политички наметнат назив за словенското население, како што и Верковиќ тука потврдува – називот „болгари“ бил подоцнежен синоним, замена за „словени“.
—
Манастирските школи во Османлиското Царство во тоа време биле под Цариградската Патријаршија… Така некои наши учени, коишто се образувале во патријаршиските школи, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на денешниот бугарски (каков што го знаеме), туку на словенски, генерално. По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти во Османлиското Царство, кои воедно имале и едукативен карактер, потпаѓаат под јурисдикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи – Грци. Тогаш започнува грчката пропаганда. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, сѐ до крајот на 19 век во Османлиското Царство, постоела само по црквите и манастирите, па учените луѓе едноставно само го прифатиле долго наметнуваниот назив “бoлгар“ од Цариград.