1923_Đ. Šurmin, S. Bosanac – ’Čitanka iz književnih starina‘, Zagreb

“… Други учат, дека со јазикот на Кириловите книги зборувале панонските Словени, за кои пишувале Кирил и Методиј, па спрема тоа тој јазик го нарекуваат п а н о н с к о – с л о в е н с к и или просто с т а р о  с л о в е н с к и  јазик. – Сигурно е, дека за овој јазик не смееме да држиме, дека од него потекнуваат сите останати словенски јазици, како што некогаш се мислело.
Дали се држиме ние до една или друга теорија, овој јазик секогаш треба да го нарекуваме старо словенски, а никогаш старо бугарски, бидејќи до поново време жителите на Македонија никогаш не се нарекувале Бугари, туку Словени, а во историските извори јазикот секогаш се нарекува Словенски, но никогаш бугарски. …’

Целото име на учебникот е: „Čitanka iz književnih starina, staroslovenskih, hrvatski i srpskih za VII. i VIII razred srednjih škola“

 

Посочил: Пољакот од Македонија