1903.12.07_Slovenec, 283, s3-4, Ljubljanske novice

Вероучение - Поука 03

„… Бурите се Германи, а Македонците пак се Словени… и нам на Словенците ни се забранува да им потпомогнуваме во таа иста благородна и човекољубива замисла само заради тоа што Македонците се наши крвни браќа. ‘Каде сме, та во Австрија да не смееме да зборуваме за турските ѕверства? … Дали стигнавме во Австрија толку далеку, што Владата сака да угуши секоја појава на симпатии за сиромашните наши браќа?

Ниедно предавање не би можело да влијае на општественоста така, како што влијаеше таа забрана и сметаме дека ќе се дојде до патот, кога Љубљана, како средиште на словенечката нација, ќе го издигне својот глас за несреќните словенски браќа на Балканот, да обрне внимание на државата и нејзината должност.

Мислиме и прави сме ако тврдиме дека вчерашната забрана беше направена заради тоа, за да не истапи уште еднаш сложно словенечкиот народ за праведното дело и за кое на извесни кругови не им е пријател сложниот настап на Словенците.

… Браќата на Балканот да го чујат гласот на Словенците пред сѐ, во голема бројност да се огласиме на поканата на словенечкиот одбор за македонските бегалци. …“

 

Посочил: Мисирков