1675~1678 « 1978_Victor A. Friedman – Slavica Hierosolymitana (Sultan Mohamed IV letter to the Cossacks), v2, p25-38

1675~1678 « 1978_Victor A. Friedman - Slavica Hierosolymitana (Sultan Mohamed IV letter to the Cossacks), v2, p25-38

Во едно добро познато писмо од турскиот Султан до запорошките Козаци, Султанот во своите титули како прва титула ја наведува владетел над Македонското Царство. Не на ромејското, хеленското, српското, бугарското, туку на македонското како најтемелно и најпрестижно.

„… Јас, Султан, син на Мухамед, брат – на сонцето и месечината, внук и намесник Божји, владетел на сите царства: Македонското, Вавилонското и Ерусалимското, големиот и малиот Египет: цар над царевите; владетел на сѐ што постои; исклучителен, непобедлив витез; постојан чувар на гробот на Исус заштитникот на Христијаните, ви наредувам, вам Запорошките Козаци, да ми се предадете мене доброволно и без било каков вид на отпор и без да си дозволите себе си да ми ставате потешкотии со ваши напади.

Турски Султан Мухамед …“

Појаснување за Султановото писмо до Козаците: Во 1675 година (според Еварницкиј 1895:517) или во 1678 (според Голубицкиј 1957:320) турскиот султан и Кримскиот Хан неуспешно ја нападнале запорошката тврдина од Сик (на руски Сек). После неуспехот, турскиот Султан испратил заканувачко писмо до запорошките Козаци барајќи да му се подредат. Козаците одговориле со писмо со навредлива содржина исмевајќи го Султановото барање. Возвратното писмо на Козаците станало нашироко славно и било читано низ цела Европа.

 

Посочила: DragonGirl