1888.02.10_Стојан Новаковиќ – Дипломатски архив, Дубровник, ПП одель, Ф. 1.

Пропагандистот Стојан Новаковиќ српски пратеник во Цариград признава дека српската национална идеја нема темели во Македонија и кај македонскиот народ, нити  македонскиот народ ја препознава како своја, и затоа таа не може да ја сузбие соперничката бугарска пропаганда.

 

…Бидејќи бугарската идеја, како што на сите им е добро познато, пуштила длабоки корени во Македонија, мислам дека е скоро невозможно таа да биде уништена ако ѝ се спротивстави само српската идеја. Се сомневам, дека оваа идеја ќе може да ја потисне бугарската, ако остане само како чисто и голо спротивставување. Затоа голема корист би имале од свој сојузник, остро спротивставен на бугаризмот и содржејќи во себе си елементи кои ќе го привлечат народот и кои ќе бидат блиски на неговите чувства – точно тие ќе го отцепат од бугаризмот. Како таков сојузник јac го гледам македонизмот, или во извесни промислени граници – тактичко негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. Ништо не може да биде толку спротивставено на бугарските тенденции, со ништо Бугарите не можат да се доведат во понепомирлива позиција отколку со македонизмот. …“

 

„…  Бугарска идеја, као што је свима добро познато, пустила је дубоке корене у Македонији и мислим да је скоро немогуће да она буде уништена кад јој се супротстави само српска идеја. Сумњам да ова идеја може да потисне бугарску, ако остане само чисто и голо супротстављање. Зато би имали велику корист од неког савезника, оштро супротстављеног бугаризму, а који би садржао елементе који би привукли народ и који би били блиски његовим осећањима – само ће га она отцепити од бугаризма. Као таквог савезника ја видим македонизам или, у извесним границама – тактично неговање македонског дијалекта и македонских посебности. Ништа не може да буде толико супротстављено бугарским тенденцијама, и ни са чим се Бугари не могу довести у непомирљивију позицију као са македонизмом. …“

(Дипломатски архив – Дубровник, ПП одель, Ф. 1.)

 

Новаковиќ затоа и предлага на Владата таа да “флертува” со македонството (тој го нарекува “македонизам”), македонската национална идеја, поточно предлага српската Влада да се претстави како пријател на Македонците и како некој кој ја почитува посебноста на македонскиот народ. Но неискрено, исклучиво со цел за со текот на времето Македонците “да се превоспитаат” во друг – српски национален клуч.

Посочил: Македонски Одговор