1903+_A. D. Hauren Smith

Вероучение - Поука 03

Надвор од Балканскиот Полуостров се верува дека Организацијата е некакво тајно друштво од полуполитички водачи на банди, едно соединување на револуционери. Таа, меѓутоа, не е ни едното ни другото. Управното тело на Македонската организација не е ништо друго, туку сенат на една тајна република, кој е уреден внатре во Турската империја и е избран од народот преку народни, но тајни избори. Во срцето на една управа што веќе се распаѓа, каква што е турската, започна да се појавува оддолу една совршена форма на политичка организација, така совршена во своите гранки, како што е онаа на еден слободен републикански народ. Во Турската империја има: македонска полиција, македонски судови, македонска милиција, македонски училишта и македонска пошта, – сето тоа постои покрај големите усилби на турската влада да го уништи. Востанијата ја создадоа потребата од ваквата организација. Таканаречените градски совети или комитети, избрале претставници, за да се соберат со другите претставници од другите градови… Собраните окружни сенатори го преставуваат народот така, како што конгресот го преставува американскиот народ. Според тоа, нема да биде преувеличено, ако се каже дека во Македонија има две различни управи… Единствената цел на Организацијата не е само да крева востание. Таа го организира судскиот систем, поткрепен со полициска сила… македонскиот селанец прибегнува до друг извор на правосудство. Тој се обрнува до месниот комитет, кој по неважни прашања сам се изјаснува. Заповед се испраќа до секој турски престапник за да ја надомести штетата и да плати казна. Обично Турчинот веднаш се потчинува, зашто секој комитетот има своја полиција – чета која е сместена по планините – која учи на послушност… Предавниците строго се казнуваат, големите суми што ги троши турската власт за слични цели ги соблазнуваат многумина. Како што има турски шпиуни, така има и христијански предавници. Турските селани никако не ја мразат Организацијата. Борбата се води помеѓу две влади, помеѓу четите и редовната војска.