1870.03.25 « 1909_Стефан Захариев (Гаврил Кацаров) – ‘Eтнографија на старите Македонци’ (списание Минало)

„сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност.“

„… Но толку сега што говоревме за свадбата на богатиот Македонец Каран, сега да го оставиме споменатиот Атинеј да докажува дека Римјаните ја прифатиле раскошноста во гозбите од Македонците и да ги нарекува варварски народи, и да ги видиме оние од сегашните Македонци кои заслепени од подзатворениот блесок на елинските мудрувања, прифаќаат да се презираат и да се откажуваат од својата народност. Затоа, по опишувањето на Карановите гозби, ми се виде времето поволно да извикам и оф: Навистина колку сме оддалечени од времето кога од сите денес наречена Елада (Грција) беше потчинета од македонската власт, и се оддалечуваше од нивната јунаштина, на нивните богати пирови, и ропски ги обожуваше…
…Според тоа, ако ни беше целта да ги опишеме зачуваните во грчките книги „Свадбарски обичаи и гозби на древните Македонци“, причината на оддалечување од предметот се состои да ја покажеме цивилизацијата на македонските Славјани, во што таа се состоела во времето на Александар (Македонски) и до каде стигнувало нивното образование, за да ги употребуваат Елините за подбив и сегашната нивна заблуда и незнаење, во кое ги фрлиле гркофенерските владици и да ги поканиме нашите родољубиви сонародници да им помогнат и морално, и материјално …“.

„Eтнографија на старите Македонци“ – студија на бугарскиот историчар и археолог Гаврил Кацаров за древните Македонци, списание „Минало“, 1909-та г година.

 

Посочил: Портал Македонска Нација