Стерјо Спасе (1914-1989)

Проф. д-р Катерина Тодороска

Во македонската историја има личности кои по своето потекло како Македонци, независно дали живееле и работеле во македонската држава оставаат значајни дела за матичната земја. Од плеадата такви дејци голема оставнина за македонската историјата нѝ оставиле и двајцата Македонци од Преспа во Република Албанија, Стерјо Спасе и Спасе Мазенковски.

ЗОШТО сакам да пишувам за Стерјо Спасе?

Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија. Основно училиште завршил на албански и на грчки јазик во родното место и во Корча. Образованието го продолжил во Корча и во Елбасан, каде завршил Педагошка гимназија. По завршувањето, работел како учител во Дервичане, село во округот на Ѓирокастро, а подоцна предавал и во Москополе, во Корча и во Тирана. Покрај во Албанија, се школувал на Универзитетот Флоренца во Италија, додека магистрирал во СССР. Имајќи ги предвид успесите во неговата професија со едуцирање на млади албански генерации, комбинирани со исклучителните литературни дела поттикнати од македонското потекло, Стерјо Спасе го прават мост меѓу Македонците и Албанците.

Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман „Nga jeta në jetë. Pse!?” (” Од живот во живот – зошто”. Романот до денес е познат како “Зошто?” („Pse?“), напишан бил во вид на дневник, при што ја опишува историјата на млад интелектуалец кој се вратил во родното село по завршување на уката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство. Иако романот „Зошто?“ („Pse?“), всушност бил прв роман отпечатен во Албанија, албанските власти го забраниле заради македонското потекло на авторот. И покрај тоа, овој роман во албанската литература се цени како една од лектирите за исклучителна проза, во кој се говори за животот во периодот на енверизмот во Албанија. Низ годините, поради исклучителната литературна вредност, романот „Зошто?“ беше преведен на македонски, а од неодамна и на англиски јазик. Стерјо Спасе се упокои во Тирана на 12 ноември 1989 година, оставајќи зад себе значајни дела со тема од животот на Македонците во Албанија. Во оваа прилика сакам навремено да посочам дека во 2024 година се навршуваат 110 години од неговото раѓање, а ние, како Македонци треба да се подготвиме за достојно да ја одбележиме оваа годишнина.

ЗАТОА сакам да знаеме за Стерјо Спасе како важен автор за македонската историја и како голем поборник за македонско-албанска соработка.

Благодарност за стореното за Македонците во Албанија и Македонија, на двајцата, големи Македонци од Преспа, Стерјо Спасе и Спасе Мазенковски.

Вечен да им е споменот.

 

Извор: Весник Илинден