1946.12.20_Department of External Affairs – ‘Political intelligence report’, no.5, Commonwealth of Australia

1946.12.20_Department of External Affairs - 'Political intelligence report', no.5, Commonwealth of Australia

Во овој австралиски разузнавачки документ се вели дека борбата во егејска Македонија 1946-1949 година била борба на македонскиот народ за своја држава. Во „Доверливиот документ“ под број 3 се вели дека постоеле 6 000 наоружани герилци кои биле помагани од над 35 000 жители од селата. Потоа на страна бр. 2, точка 5, пишува дека герилците кои се запишани во документот како „Славјани“ се борат да ги обединат во една држава „Вардар“ (Југословенска) „Егеј“ (Грчка) „Пирин“ „Бугарска“ МАКЕДОНИЈА.

Исто така во во составот на Голема Македонија, спрема Фореин Офис на Британија, треба да се инкорпорира и Солун.

Во документот се споменува ЕЛАС, но не како активен учесник, туку како организација која го чекала исходот од сударот на Македонците со грчката армија. Овај документ е показател и вистински документ кој зборува за националната и државотворната борба на македонскиот народ за демократија, човекови права и слободи против Грција и грчкиот фашизам.

 

Посочил: Портал Брегалнички