1767_Mathiam Antonium Relkovich – ‘Nova Slavonska i Nimacska Grammatika’

1767_Mathiam Antonium Relkovich - 'Nova Slavonska i Nimacska Grammatika'

Славјанскиот јазик како мајка на многу други јазици: Московски, Полски, Пемски (?), Хрватски, Далматински, Славонски, Српски, МАКЕДОНСКИ, Албански, Босански… За разлика од северните славјански говори кои примиле германски зборови Албанците, МАКЕДОНЦИТЕ, Србите и Бошњаците попримиле многу турски зборови кои се измешале со славјанскиот говор.

Хрватскиот просветителски писател, Матија Релковиќ, го наведува македонскиот јазик како еден од ограноците на словенскиот јазик во неговата книга „Нова славонска и германска граматика“ објавена во 1767 година. Тој исто така напоменува дека Македонците, како и Србитe, Бошњаците и Албанците, мешаат турски зборови со словенскиот јазик. Исто така на стр. 11-12 ја споредува славата на неговиот словенски, славонски народ и на „својата љубена татковина Славонија”, со – АЛЕКСАНДАР, кралот МАКЕДОНСКИ.

 

Посочил: ЈанКилуминати