Грчки автор пишува за недостатокот или слабоста од докази за опстанок на Хелените во рамките на византискиот империјален конгломерат.
„… „Древните Грци“ се споменувани само во поглед на објаснување на религијата од тие пагански Римјани.
Имам најдено само два текста кои показателно (индицираат) кажуваат дека Византијците можеби препознавале опстанок на Хеленски народ (нација) во скорешното минато, иако и двата (текстови н.з.) се јако проблематични како извори. Првиот е така наречен Летопис од Монембасија, анонимна три странична збирка од настани на Пелопонез во текот на шестиот и потоа во раниот девети век. Првата секција пребројува дека во текот на владеењето на Маврикиј (Maurikios), Аварите (Славјаните не) извршиле наезда и се сместиле во Грција сѐ до Пелопонез, каде што „ги протерале и уништиле благородниците [најверојатно домородците]“ Хеленски ethne, кои потоа избегале во Италија, на островите и на Монембасија. Овој текст секогаш ги вознемирувал националистичките грчки учени, кои се трудеа да ја минимизираат неговата вредност со оглед на сместувањето на Славјаните (не Аварите!) во Грција, но од оваа точка на гледање, парадоксално, се поздравува (се велича н.з.) како доказ дека најмалку еден Византиец признал опстанок на Грци сѐ до релативно доцнежно време (иако тие биле потоа расфрлани од Аварите). …“
„… Во други подрачја, историчарите понекогаш можат да проследат скалесто исчезнување на не-Хеленски идентитети, посебно ако е на располагање непрекинато тело (материја н.з.) од докази, како што е случајот со папирусите од Египет. „Тракијците од Египет“, на пример, „посвоиле грчки имиња, користеле грчки јазик, војската нив ги направила блиски со грчкиот начин на живот. Тие обожавале исти богови како Грците… На крајот, не останало културна особеност со која што тие би можеле (или, во таа смисла би сакале) да се разликуваат себе си од Грците. Во тој момент тие се избришале од историјата. Древниот Павзаниј подоцна ќе спомене Хеленски спортист (атлета) Никостратос од Киликија, „кој немал ништо заеднички со Киликијците освен името“. …“
459та страна – „All this, however, glosses over the effective truth of the matter, which is that by the twelfth century western usage was politically motivated. Graecus was meant as a rejection of the Byzantines’ claim to the imperial Roman legacy and thereby undercut their authority to rule first in the West and, after 1204, in their own lands as well. In short, to a great extent westerners called Byzantines Greeks because they did not want to call them Romans. Of course, the practice had become conventional and did not evince odium on every occasion. For example, in translating official documents, the Venetians rendered Romaios as Graecus.[40] Yet this substitution was not ideologically neutral and sometimes was deliberately disparaging (like calling modern Germans Goths or Huns).“
Од 12 век наваму западните автори од политички цели ги пишуваат Ромеите како Грци со цел да ја оспорат врската на Ромеја со Рим и Римското наследство. Така ќе можат да го оспорат правото на Ромеја над Римските територии, а потоа дури и правото да владее и над сопствената територија.