—-
„Македонско дело“ говори за великосрпската, но и за бугарската и грчката асимилаторска политика.
„… Ние знаеме дека во овој момент сите со сета душа протестираат против вандалштината на туѓите окупатори (завојувачи) – Грците, Србите и Бугарите.. Белградските управители не ги засега несреќната положба на македонскиот народ, тие само ги засилуваат прогоните, обвиненијата, клеветите, затворањата..
Ние го повикуваме македонскиот народ на вооружена борба, само така ќе се постигне ослободување и обединение на Македонија. …“