Весник „Свобода“, сечко, 1892
„… од сѐ се гледа дека работата не стои така: луѓето тука имаат други цели – да создадат нов книжевен македонски јазик. А дека тие не можеле да ја напишат ‘Лоза’ на тој јазик – тоа е зашто не го знаеле добро татковото наречје.
„… од сѐ се гледа дека работата не стои така: луѓето тука имаат други цели – да создадат нов книжевен македонски јазик. А дека тие не можеле да ја напишат ‘Лоза’ на тој јазик – тоа е зашто не го знаеле добро татковото наречје.
Последично, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе книжевен сепаратизам, којшто природно го влече по себе и политичкиот …“
Весник „Свобода“, цутар, 1892
„… Како што гледате ‘Македонската Дружина’ (Лоза н.з.) смета дека нивната татковина е Македонија; дека истата е населена со посебно славјанско племе, наречено ‘македонци’; дека таму се собрале ‘семожни надворешни состојки’, т.е. бугари, грци, срби и др. одушевени од своите планови и интереси; дека целта им е да нѝ дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите грабежнички посегнувања и дека на крајот ‘Лоза’ ќе ѝ служи на истата цел!! Како ви се бендисува?! — За таа цел ќе послужеле слободните капитали што ќе ги чувале во ‘Меѓусебно-помошна каса на Македонците’ (види стр. 48) и списанието, чијшто наслов, програмата и насоката ќе се определат со решение на Дружината (в. чл. I, п. а од Уставот) т.е. лека-полека ќе ја подготвуваат бугарската јавност за одделување на Македонија од Бугарија и лека-полека ќе воведуваат зборови од охридското поднаречје што ќе биде книжевен јазик на идната Велика Македонија, на чело на којашто ќе дојде некој од редакторите на „Лоза“ во својство на Филип или Александар!?! …“
Посочил: Види Види