Грчкиот писател и поет Стратис Миривилис (1890-1969) бил учесник во воените операции во Првата светска војна кога бил распореден на Македонскиот (наречен и Солунски) фронт. Бил ранет, па командата на грчката војска го смеcтила во куќата на едно македонско семејство додека тој закрепнувал. Тоа искуство Миривилис подоцна го запишал во книгата „Живот во Гроб“ (1924), во која сведочи дека Македонците јасно кажувале дека не се ниту Срби, ни Бугари, ни Грци, туку православни Македонци со свој јазик.
„Ова се селаните чијшто јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие не ги сакаат првите бидејќи им ги земаат децата во армијата, а вторите пак, се омразени поради нивниот лош однос кон нив како кон ‘Бугари’. Тие всушност покажуваат симпатии кон нас Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на Православниот патријарх во Константинопол… Сепак, тие наведуваат дека не се ниту Булгари (Бугари), ниту „сррп“ (Срби), ниту „грцс“ (Грци), туку православни Македонци“.
„… These peasants, whose language is close to that of the Serbs and Bulgarians … claim that they are neither “bulgari” (Bulgarians), nor Serbs, nor Greeks, but solely orthodox MACEDONIANS. …“
Книгата „Живот во гроб“ е едно од најуспешните и најчитаните грчки дела. Се работи за само животоописна новела во која грчки наредник го опишува животот за време на Првата светска војна.
Во подоцнежните изданија на книгата во триесеттите години на минатиот век, реченицата којашто ги издвојува Македонците како посебен народ била исфрлена.
За време на монархо-фашистичката диктатура на Јоанис Метаксас во Грција, кога македонскиот јазик бил строго забранет, и германската окупација во Втората светска војна, книгата била ставена на листата цензурирани дела.
Посочиле: Портал mkd.mk и Портал Македонска Нација