„… Најпосле има уште една појава која не може да се испушти од очи. Тоа е стремежот на Македонците да си останат свои на своето… И оваа стремеж почна да се буди, особено поради спротивставеноста меѓу бугарскиот и македонскиот говор и меѓу бугарскиот и македонскиот карактер, уште од времето кога бугарската пропаганда почна премногу грубо и преостро да ги напаѓа македонските особености во името на големо-бугаризмот. Дури и меѓу платените професори на бугарските средни училишта во Македонија се наоѓаат луѓе во кои се будат овие стремежи исто онака како што може да се види кај Малорусите (Украинците – н.з.) против руската еднообразност. Не е без значење и не може да се објасни причински познатиот факт, дека пролетта 1885 година, после бугарските јавни собири за Македонија, следеа одма јавни собори на Македонците во Србија, на кои зедоа учество сите Македонци кои престојуваат во Србија. Посилно движење ќе ги изведе со уште поголема светлина овие струи, кои сега уште ги даваат првите знаци на живот …“
Посочиле: Пољакот од Македонија, Македонски Одговор