1996_Држава – Црква, бр61-62, Београд (за грчкиот Фанариотизам)

1996_Држава - Црква, бр61-62, Београд (за грчкиот Фанариотизам)

ЗЛОСТОРНИШТВОТО НА ФАНАРИОТИЗМОТ

Делот од грчкото православно свештенство кои се познати како Фанариоти биле во сојуз со Турците и им правеле штета на сите ослободителни национални движења на Балканот. Како што стои во написот од сликата кое не е пошироко познато Фанариотите скоро истовремено како што издејствувале укинување на македонската Охридска Архиепископија (1767 година) исто така издејствувале укинување на српската Пеќка Патријаршија (1766 година). Подоцна е вратена после создавањето на српското кнежество.

За тоа пишува српски извор во посочениот напис. Инаку наведениот “Епископ” Иринеј Буловиќ (Влав) како главен програчки протежист во Синодот на СПЦ исто така е главен творец на проектот на “црквата од Вранишковски” во Македонија.
За злоделата на Фанариотизмот, тоа не е спорно, се знае во сите православни земји.
Стои запишана изјава од италијанскиот обединувач Џузепе Гарибалди кој рекол дека – Грците не ја заслужуваат слободата затоа што тие не се бореле за неа, туку други се бореле и ги набројува Албанци.., Македонци… Вели дека за Грците турското владеење било “златно доба”.

Напоредно со големите историски грчки дела за доброто на Православната Христијанска Вера, струјата на Фанариотизмот од 20тите години на 20иот век повторно пушта длабоки корени во целото Православие. Но овој пат наместо за турската империја работи за новите светски (западни) империи. Огромни се штетите кои Фанар со своето заднинско влијание денес ги прави кај нас во Македонската Православна Црква и низ целото Православие. Фанариотизмот злоупотребувајќи го грчкото родољубие во негово име прави злодела кои можат да се стават во редот на најголемите грчки гревови:

• Постојана блиска поврзаност со Римската империја во слабеење и како нивен слуга битна улога во покорувањето на древна Македонија;
• Блиска поврзаност со Латините, сепаратистички грчки национални движења и клучна улога во распадот на Ромеија (Византија);
• Фанариотска соработка со Османлиското Царство на штета на сите балкански национални движења за ослободување од турското владеење;
• Блиска поврзаност со Ватикан и западните империи на штета на Православието која трае до денес;
• Крвав геноциден колеж на муслиманското население при военото освојување на Грција;
• Претопување (асимилација) на целото Влашко население;
• Претопување (асимилација) на огромна маса од Арванитско население (православни Албанци);
• Народносно чистење на Македонците и сето Славјанско население (не помалку од 2 милиони кон крајот на 19 век) кои се нашле во границите на грчката држава.

Извор на сликата: Портал Балканска Геополитика