Пет минути од деноноќието и` посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се` друго на светот.
Политичкото вјерују на Македонците
- Ја сакам Македонија неизмерно и повеќе од се` друго на светот.
- Верувам постојано во нејзиното /македонско/ скорешно ослободување.
- Сметам само на нашите сопствени сили
- Не верувам во интервенциите на големите сили
- Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза
- На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа
- Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со усилби на македонските родољуби и на балканските народи
- Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг, Независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација
- Неизмерно верувам дека во обединувањето на вистинските македонски сили е начин за спас
- Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави
- Никогаш нема да кренам рака на мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и зборот
- Најсовесно ќе дејствувам материјално и морално на македонските организации што ги имаа девизата независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација
- Секогаш и секаде ќе се чувствувам и ќе се нарекувам Македонец
- Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблизу тупкањето на моето чисто македонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа
- Пет минути во деноноќието ќе го посветам на маченицата Македонија за да се соочам со мојата македонска совест
- При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерно топли молитви на македонскиот бог за да ја излее својата штедра милост на моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија за што поскоро да ги усреќи со реализирање лелеана мечта, слободна и независна Македонија