Изјавите за македонската национална свест кај македонското иселеништвото е една од несомнените потврди за вистината на нашите зборови во идентитетска и историска смисла. Покрај неброените такви постапки и изјави на иселениците, може да се наведат и изјавите и постапките на водечкиот светски UFC борец Александар (Велики) Волкановски – по потекло од пелагониско, а живее во Австралија. Волкановски долго време е првак во перолесна категорија, но со квалитети што е споредбено вреднуван како сѐопшт шампион за сите категории.
„Татко ми е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мајка ми е од Грција, моминското презиме и е Калменидис. Значи татко Македонец мајка Гркинка“