2022.07.12_Координативно Тело на Македонците во светот – ‘Проглас НЕ за бугарскиот договор’, Женева

2022.07.12_Координативно Тело на Македонците во светот - 'Проглас НЕ за бугарскиот договор', Женева

Интегрален текст на прогласот упатен во јавноста од Координативно тело на Македонците во светот:

“П Р О Г Л А С

Не за бугарскиот договор

Водени од неизмерната жар и љубов за Македонија ;

Инспирирани од неправдата и мрачните облаци надвиснати над неа како резултат на погубната антимакедонска окупаторска “власт”;

Огорчени од крајното лицемерие на ЕУ и нејзината веќе отворена политика на бришење на македонскиот национален идентитет и историја;

Македонците во светот преку своите здруженија, во овие клучни моменти упатуваат

Повик за енергично и решително НЕ и отфрлање на францускиот предлог за потпишување на бугарскиот договор.

Не за ЕУ со изменет нелегален устав, без Македонија и Македонци, историја , јазик..

Не за никакви работни групи кои само ќе го одвлечат вниманието на енергичните Македонци, кои веќе четири дена протестираат против овој договор.

Ги повикуваме сите Македонци ширум светот да допатуваат во татковината за нејзина одбрана.

Масовно да излеземе и да ги блокираме институциите и политичарите кои вршат национално предавство. Судбината на македонската држава е во наши раце , ако ја испуштиме сега истрајноста и одлучноста, идните генерации ќе не проколнуваат за навек!

Вие во Македонија, ние во државите каде престојуваме, заедно сме посилни.
Сонцето на слободата е на повидок !

Координативно тело на Македонците во Европа и светот

6 јули, 2022 година
Лондон, Хелсинки, Брисел, Женева, Братислава, Сиднеј , Мелбурн, Перт, Њујорк, Торонто…

Здруженија:
Координативно Тело на Македонците во Европа
Совет на Македонски општини во Австралија
Обединети Македонци во Канада
Македонска Заедница – Обединето Кралство
Македонско-Финско здружение
Рефрама-Швајцарија”

Посочил: Портал Брегалнички