2022.03.18_Совет на македонските општини – Македонците го отфрлаат квинслишкиот режим, Австралија

2022.03.18_Совет на македонските општини - Македонците го отфрлаат квинслишкиот режим, Австралија

СОВЕТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ ВО АВСТРАЛИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА ГО ОТФРЛААТ КВИСЛИНШКИОТ РЕЖИМ ВО МАКЕДОНИЈА!

18 цутар 2022 година, Канбера, Австралија – Советот на македонските општини во Австралија под претседателство на Крис Ангелков, изрази длабока загриженост за општествено-политичката состојба во Република Македонија и во таа смисла ги декларира своите ставови.

(1) Не го признаваме и не го прифаќаме незаконски инсталираниот квислиншки режим во Македонија и отфрламе било каква врска со неговите конзули, амбасадори, министри и претставници на државните институции.

(2) Ги отфрламе Договорот од Преспа и промената на нашето единствено име Македонија утврдено на референдумот од 8 септември 1991 година а потврдено на референдумот од 30 септември 2018 година!

(3) Ја осудуваме капитулацијата на марионетската влада на Македонија пред бугарските барања за ревизија на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ. Македонците не се Бугари, Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик!

(4) Апелираме Светиот Архиерејски Синод да отфрли промена на автокефалноста, името и достоинството на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Патријаршија и Јустинијана Прва!

(5) Бараме итно ослободување на уставобранителите од настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, кои во основа се политички затвореници.

(6) Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да делува како вистинска опозиција и официјално во изборната програма за следните парламентарни избори да утврди враќање на државното име Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации и еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година!

(7) Ги повикуваме опозициските партии во изборната програма за следните парламентарни избори да вклучат антикорупциска политика и да предложат закони за санкционирање на корупцијата и организираниот криминал во Македонија.

Во оваа смисла бараме независна Антикорупциска комисија и независен јавен обвинител кој не може да биде избран или под влијание на Владата.

(8) Антикорупциска комисија треба да има мандат за финансиски истраги на сите поранешни и сегашни политичари и високи јавни службеници, со цел искоренување на коруптивното однесување и конфискација на нивните незаконски стекнати профити во Буџетот на државата.

(9) ЕУ и САД не се достојни за промена на името на државата!

(10) Достојни, со вера, надеж и љубов за Македонија, ги охрабруваме Македонците во отпорот за одбрана на името на државата Македонија и достоинството на Македонскиот народ, дома и во светот! Борете се за власт која ќе гарантира и води битка против корупцијата и организираниот криминал!

 

Посочил: Тодор Петров