Во воденскиот парк меѓу селата Владово и Теово (Каридија) во Воден (Едеса) откинати се главите од бистите на двајца грчки андарти Телос Агапинос познат како капетан Аргас, офицер од Навплион и неговиот курир Мингас. И двајцата се бореле против домородните Македонци пред повеќе од еден век.
Од сликата може да се види дека непознат сторител ги откинал главите на двајцата грчки андарти поради нивните ѕверства врз домородните Македонци. И двајцата грчки андарти биле обесени од комитите на ВМРО во 1907 година.
Во Владово и Теово отсекогаш до денес, живеат само Македонци.
За жал, отсекогаш, обичај на Владата во Атина била да се градат бисти и споменици на грчки андарти кои извршиле ѕверства врз домородните Македонци во беломорскиот дел на Македонија.
Посочил: ЛеЛе