1998_Блаже Ристовски – ‘Димитар В. Македонски’, Скопје (МАНУ) (pdf)

ПО ПОВОД 150-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО И 100-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА (1848-1898)

Во нашите учебници мегу учебникарите од XIX век обично само се споменува и учителот Димитар Македонски. Има и основно училиште во Скопје што го носи неговото име. Но одвај ли некој знае нешто повеке за животот и дејноста на овоі македонски културно-национален деец. Се повторуваат главно податоците што патем своевремено ги даде тогаш младиот, но луциден славист Блаже Конески во 1949 и посебно во 1957 година. Врз основа на скудните податоци, собирани главно од современиот расположив периодичен печат и од спомените на современиците, пред 40 години се обидовме да ги обележиме контурите на неговиот профил, а во 1970 година Драги Стефанкија ги прокоментира и некои податоци што ги дава самиот Македонски во своите „Лични спомени”, што беа објавени во неговиот весник „Съгласие” во 1894-1896 година. Најпосле, пред една деценија, веќе врз побогат расположив изворен материал, направивме и поопширна монографска студија за овој навистина сеуште недостатно проучен македонски трудбеник.