Изминатиот викенд, претставници од огранокот на „Коалицијата за заштита на децата“ во Австралија присуствуваа на „Оставете ги жените да зборуваат“, настан организиран од познатата активистка за женските права и заштита на децата од родовата идеологија, Кели Џеј Кин од Англија.
Кели Џеј Кин е веќе неколку недели на турнеја низ повеќе градови во Австралија и секаде е пречекана од агресивни антипротести организирани од транс-активисти што се залагаат за „родова еднаквост“, со цел да ја замолчат. Исто така, и левичарските медиуми не ја пропуштаат можноста да ја етикектираат и оцрнат, но таа е упорна и не се откажува од својата парола „Јас никогаш не сум губитник“.
На настанот што се оддржа во саботата на 18-ти цутар, пред Парламентот во Викторија имаше неколку стотици присутни и повеќе говорници, жени од различни слоеви, различни професии и различни убедувања, меѓу кои и Кетрин Дејвс и Моира Диминг од Либералната партија, и претставници на ЛГБ заедницата. Воочливо беше тоа што на страната на мирниот протест што беше организиран од Кели Џеј Кин, се вееше и шареното знаме, со што јасно се даде до знаење дека транс-активистите воопшто не се залагаат за правата на лезбејките, хомосексуалците и бисексуалците, како што тврдат.