Оддел: А24.2 Војводи
Лица кои раководеле со борбени единици во борбата против турското владеење.
Леонид Јанков (1879-1905)
1905 година кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузбашија, со последниот куршум се самоубил гевгелискиот Војвода Леонид Јанков. Борбата, што ја водел заедно со уште неколкумина негови соборци траела цел ден. За херојската борба на Војводата Леонид Јанков и ден денес се пее и се раскажува…
Ѓорѓи (Гога) Ацев (1883-1906.06.25)
Војводата Ѓорѓи Ацев (лево), Наум Јосифов (во средината) и Петар Герогиев (десно). Посочил: Портал Денешен
Атанас Бабата (1875-1905)
Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО (1897-1905). Работел во повеќе од 16 реони, а бил раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствувал во Кратовско. Посочил: Портал Денешен
Димитрија Поп Георгиев – Беровски (1840-1907)
Организатор на Кресненското Македонско Востание.
Смиле Војданов (1872-1958)
Смиле Војданов во Македонија по Втората светска војна – „Нова Македонија“ Повеќе: мкд.мк
Петар Христов – Германчето (1867 – 1907)
Бил страв и трепет за грчките андарти. За да не падне жив во рацете на турската војска, се самоубил 28 сечко 1907 година во Преспа – Дробитишта, во беломорска Македонија.
Пандо Кљашев (1882 – 1907)
Тукашните управници и скоро повеќето од Бугарите се безучесни кон нашето дело затоа што немаат формиран идеал што да ги тера напред. Таа е таа бугарска јавност и зборува преку устата на своите водители за македонското дело само кога е на работа за туркање и качување на влади. Посочил: ДООМ
Андон Лазов Јанев – Ќосето (1855 – 1953)
Андон Лазов Јанев – Ќосето во средина, Андреј Докурчев лево и Марко Христов десно сликани во 1903 година. Види Телеграма од Ќосето со поддршка за создавањето на Народна Република Македонија.
Јордан Пиперката (1870 – 1903)
Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде.
Атанас Шабанов – Тешовалијата (1860 – 1905)
Првично ајдутин кој ќе ги прифати идеите на Гоце Делчев и како еден од најверните соработници на Јане Сандански покрај со турските сили ќе води борби и со бугарските врховисти. Посочил: Портал Македонска Нација
Крсто Гермов Шакир (1868 – 1962)
Слики од погребувањето на војводата Крсто Гермов – Шакир војвода. Посочил: Poljakot od Makedonija
Мирче Ацев Симоноски – Оровчанецот (1859 — 1901)
Мирче Ацев – Симоноски со тројца другари.