Оддел: А26.2 Партизански борци
Партизански борци кои за време на ВСВ се бореле против фашизмот и за македонското национално ослободување.
Вера Циривири – Трена
Вера Циривири – Трена за да не падне жива во рацете на ГНАСНИОТ БУГАРСКИ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР, сама си го одзела животот во Штип на 15 златец 1944 година. Нејзиното мртво тело било сквернавено од оние чии потомци денес продолжуваат со напади кон македонскиот народ. „ … На 5 декември нејзиното тело беше откопано. При откопувањето присуствуваше многу народ, претставители на…
Борка Талески (19.07.1921-02.03.1942)
Борка Талески бил познат под партизанските имиња Црниот и Модерното е роден на 19 златец 1921 година, а загинал на 2 цутар 1942 на Плетвар во Прилепско. Тој е еден од организаторите на востанието против фашистичкиот окупатор што било дигнато на 11.10.1941 година во Прилеп. Борка е син на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Неговото семејство…
Никола Парапунов (1909.07.01-1943)
Никола Парапунов – Владо е македонски револуционер, истакнат организатор и раководител на партизанското антифашистичко движење во Пиринскиот дел на Македонија, кој од бугарските власти во 1933 година бил осуден на 15 години затвор. Тој и во затворот раководел кружоци и предавања за националното прашање, посебно за македонското. Бил командир на Разлошката чета и командир на Четвртата Горноџумајска востаничка оперативна зона….
Васко Карангелевски (1921.07.07-1977.02.03)
Потекнува од печалбарско сиромашно семејство, а во НОБ е учесник од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Карангелевски станал скоевец во 1941 година, а од 1943 година и член на КПМ. Во текот на НОБ со одредот дејствувале на потегот по планините Пелистер, Баба и Вич. На почетокот бил командир на чета, потоа командант на баталјон, заменик- командант…
Ѓорѓи Наумов (1916 – 21.07.1942)
Роден во с. Битуша, леринско. Бил убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје. Ѓорѓи е брат на националниот херој Стив Наумов. Нивната мајка, за слободата на Македонија, во рок од три месеци ги изгубиле двата сина. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Блажо Димитровски – Рогозинарот (1904 – 1942)
Родоен во с. Путурис, битолско. Убиен со бесење од страна на бугарскиот фашистички окупатор во Скопје 1942. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Ванде Вељаноски (1913 – 1942)
Потекнувал од сиромашно семејство од с. Никодин, прилепско. Делувал во работничкото движење уште од 1937 година против тогашната српска окупаторска власт. Бил убиен од бугарските фашисти со бесење во скопскиот затвор. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже
Кочо Вангелов Десановски (1920 – 1942)
Кочо Десано обесен од бугарскиот окупатор во жетвар 1942 година. Посочил: Баба Лаже Трап Не Лаже Извор: Дучо Кранго – ‘Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор’
Васил Антевски – Дрен (1903 – 1942)
Васил Антевски, роден во с. Оморани, по професија бил адвокат дипломиран во Белград. Бескомпромисен борец за правата на македонскиот народ. Затворан и прогонуван и во периодот меѓу двете светски војни. Зема учество во Скопскиот партизански одред. Уапсен во Велес при обид да стапи во врска со Прилепскиот партизански одред. Пред бугарскиот фашистички суд покажал вонредна гордост и храброст. Одбил да…
Елпида Ставрева Караманди (01.01.1920 Лерин – 03.05.1942 битолско с. Лавци)
На 22 тревен 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 косар 1942 година одредот бил опколен од БУГАРСКАТА ОКУПАТОРСКА војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето од БУГАРИТЕ, а потоа умрела. За Народен…
Методија Андонов – Ченто
Не сум Бугарин, ами Македонец. Не се борев за голема Бугарија, туку за обединета Македонија и за националните права на Македонците. • 1940.12.18 • Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот…
Петре Пирузе – Мајски
Водач на Народно – Ослободителната Војска во западна Македонија. Легендарен командант од Дебрца. После војната отстранет заради неговите замисли за самостојна и обединета Македонија.
Фана Кочовска (1927.07.27 – 2004.04.17)
Фана Кочовска лево на сликата, комунист, првоборец и народна хероина. Таа била најмлад жив народен херој во времето кога била наградена со Орден на Народен Херој. Во 1942 година станала борец на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и младински предводник на батаљонот „Стив Наумов“. Извор: Antifašistički vjesnik