Оддел: А10.1 Слика и посока
Докази за македонската самобитност потврдено со оригинални слики од ГЕОГРАФСКИ КАРТИ.
1918_George Soteriadis – ‘Hellenism in the Balkan Peninsula and Asia Minor’, London
Познат грчки писател, иако пристрасен, со очигледно прилагодувани бројки, сепак не избегнал да спомене силно присуство на Македонски Славјани во беломорска Македонија, кои на места во својата книга ги разликува од Бугарите. Исто така во книгата признава постојана демографска измена со доселување грчко и иселување на славјанско население. Посочиле: DragonGirl и Achilles Deltaс
2000_Тим Даули – ‘Библейский Атлас’, Российское Библейское Общество, Москва
Македонија во библиско време јасно одвоена како посебна земја во сите земјописни карти низ книгата „Библиски Атлас“ од писателот Тим Даули објавена преку Руското Библиско Друштво. Извор: Портал ИИсуса Христа
1834_Henri Duval – ’Tableau l’historie de l’Empire des Califes et de l’Empire de Turquie.‘, Paris (L. Houbloup)
Македонија земја одвоена од соседните земји Албанија, Србија, Бугарија, Румелија и Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1828_Aaron Jr. Arrowsmith – ’Northern Turkey in Europe, with part of Hungary and Dalmatia‘, London
Македонија во времето на создавање на картата на север ги вклучува Качаник, Скопје, Куманово, на исток – Ќустендил, Дупница, Неврокоп (денес Гоце Делчев), Драма. На запад до Ресен, на југ до Платамона. Извор: Збирка David Rumsey
1828_ Aaron Jr. Arrowsmith – ’Illyricum, Dacia, Moesia, Macedonia et Thracia‘, London
Границите на Македонија во древноста на запад завршуваат до Јадранско Море. На север зафаќаат и дел од денешен Космет. Извор: Збирка David Rumsey
1830_Society for the Diffusion of Useful Knowledge (UK) – ’Ancient Macedonia, Thracia, Illyria, Moesia, and Dacia.‘, London
Ако древна Македонија била дел од Грција тогаш воопшто немало да биде претставувана одвоено на посебна карта со земјите со кои имала поблиски врски отколку со Грција. Извор: Збирка David Rumsey
1865_A.J. Johnson – ’Austria, Turkey, Hungary, Macedonia.‘, New York (Johnson and Ward)
Американска карта за Австрија, Турција, Унгарија и Македонија. И во описот на картата Македонија е наброена покрај другите земји. Извор: Збирка David Rumsey
1900_Larousse – ’Presqu’ile des Balkans.‘, Paris (Librairie Larousse)
Почеток на 20 век. Многу местоименувања со денешните македонски називи, меѓу кои и во Беломорска Македонија (Кожани, Воден, Драма, Острово). Грција на југ под Олимп. Извор: Збирка David Rumsey
1856_Charles W. Morse, Charles A. Colby – ’Turkey in Europe, Greece, and the Ionian Isles‘, New York
Македонија во 1856 година со граници и боја целосно одвоена од околните земји. Во границите влегуваат Куманово, Гнилање, Ќустендил, Мелник… Повеќе местоименувања со денешните македонски имиња: Кавадарци, Кожани, Петровиќ (Петрич), Вардар, Битола. Извор: Збирка David Rumsey
1869_Adolf Stieler, A. Petermann – ’Die Europaeische Turkei.‘, Gotha (Justus Perthes)
Македонија во европска Турција. Грција не е заведена. Во беломорскиот дел превладува македонското местоименување (топонимија). Извор: Збирка David Rumsey
1856_Edward Quin – ’B.C. 323. The Empire Of Alexander‘, London (Richard Griffin & Co.)
Царството на Александар. Полуостровот е составен од Илирик, Тракија, Македонија и Грција. Дополнителен опис на картата – Македонското Царство ги опфаќало: Македонија, Грција, Тракија, Мала Азија, Сирија, Египет, Либија, цела Азија помеѓу Согдиана и Персискиот залив, Еуфрат и реката Ифасис (река во северна Индија н.з.). Извор: Збирка David Rumsey
1842_Philip Smith, Society for the Diffusion of Useful Knowledge (UK) – ’World as known to the ancients.‘, London
Светот каков што бил познат во древноста. Македонија од Егејско до Јадранско Море. Грција на југ означена како: HELLAS or GRAECIA. Грчката пропаганда не можејќи повеќе да ги негира податоците во кои спаѓаат и земјописните карти каде Македонија во древноста и низ историјата е претставена надвор од хеленскиот свет ќе прибегнат кон друг изговорен одговор – Македонците и Хелените не…
1660 – 1783 « 1856_Edward Quin, W. Hughes, Gilmour & Dean – ’Nineteenth period. A.D. 1783. Independence Of The United States‘, London
Земјописна карта од 1856 за светот во 1783 година. Наместо Македонија употребен е називот на турскиот санџак Румелија. Србија на север, Бугарија на североисток, Далмација на северозапад, Албанија се протега по целата должина на Грција сѐ до Мореа. Грција не е обележана. Исто и на карта за 1660 година за време на династијата Стјуарт. Извор: Збирка David Rumsey
1490 « 1944_Erwin Raisz – ’History Of Maps – Ptolemaeus Romae 1490‘, New York
Македонија од Егејско до Јадранско Море зафаќајќи поголем дел од денешна копнена Грција. Грција не е обележана. Извор: Збирка David Rumsey
1892_L.E. Desbuissons, J. Migeon – ’Empire d’Alexandre.‘, Paris
Карта за Александровото Царство. Македонија помеѓу Трибалија, Грција, Епир и Илирија. Според бојата Македонија на исток е сѐ до Босфор. Извор: Збирка David Rumsey