Дознака: тројна целина
1947.05_George G. Sadowski – Congressional record, USA Congress
Во архивите на Конгресот на САД, се наоѓа записот од обраќањето на американскиот конгресмен од полско потекло, Џорџ Садовски, демократ од Мичиген, кој во косар, 1947 година, од конгресната говорница го поставува прашањето: „Дали Македонците се Грци?“ Прашањето е повеќе реторичко, зашто веднаш самиот одговара: „Македонците не се Грци!“ Конгресменот Џорџ Садовски тоа го кажува на расправа во американскиот конгрес…
1944_American Office of Strategic Services (OSS)
„… Македонија дефинитивно не припаѓа кон српската страна … Народносно, национално, општествено, психолошки и историски, Македонците се разликуваат од Србите. Тие јазички повеќе се разликуваат од Србите, отколку што се разликуваат Србите од Хрватите. Сепак, Македонците не се хомогена нација… Македонските Словени, најголемата народносна група, претставува одвај 30 отсто од целокупното население. Македонскиот национализам е многу неприроден. Тие се група…
1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald
„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека…
1944.08.02_АСНОМ I, предложени делегати за АВНОЈ III
Документ кој докажува дека на заседанието на АСНОМ биле избрани македонски делегати од пиринскиот и беломорскиот дел од Македонија за да бидат делегати на третото заседание на АВНОЈ. Ова докажува дека на АСНОМ постоел пристап за единственост, како за територијата на цела Македонија, така и на борбата за ослободување на македонски народ од трите делови, во идната сојузна политичка единица…