Никола Зоографов

Никола Зоографов

Никола Зоографов како пунктов началник му пишува на Сарафов

Вооружувањето на Македонија е најважната работа на Комитетот. За да ја овенча со успех, неопходно му се нужни пограничните градови или содејството или бездејството на полицијата, затоа што ако полицијата на Бугарија не преследува, на сто седумдесет од работата ние ќе губиме. А многу пати од искуство знам дека полицијата само малку да и потшушнат „следете“ и таа се ќе нѐ открие и многу ќе изгубиме. Ете затоа јас се осмелувам и Ве молам да не закачуваме (вклучуваме, м.з.) ниту еден граѓанин немакедонец во пограничните градови (со исклучок на шпионите) за да не влеземе во конфликт со полицијата, бидејќи дознав дека Дупничките Евреи се пожалиле кај францускиот конзул. По тој пат може многу лесно да дојде мисла на нашите управници за да се зачуваат себеси од непријатности, да не жалат ништо што е свето. Сакам да кажам додека не пренесеме доволно оружје за нашите потреби да се чуваме од конфликти со пограничните полициски власти.