Македонците беа наполно здрав народ. Тие не беа тренирани како грчките атлети, туку беа како Римјаните со војнички навики. Но, покрај овие добри особености, тие имаа и многу лоши навики, останати од дамнешните времиња, како што беше неумереното пиење, со што, во очите на Грците беа вистински варвари. Меѓутоа, антагонизмот беше реципрочен, бидејќи Македонците беа израснати во една горда и самосвесна нација, која со презир гледаше на Хелените.