1913_Атанас (Наце) Димов Чуповски (три меморандуми), Санкт Петерсбург

1913_Атанас (Наце) Димов Чуповски (три меморандуми), Санкт Петерсбург

„ПОЛИТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ“;
„ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЧЕТНИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА“;
„ИСТОРИСКИ ОСВРТ НА МАКЕДОНИЈА“.

За Наце Димов, денешните Македонци се пославјанчени древни Македонци…
__________
Наце Димов познат и како Атанас Чуповски или Атанас Димов Чуповски е роде во селото Папрадиште, Велешко, 1876 – Санкт Петерсбург, 1916. Бил македонски национален деец, брат на Димитрија Чуповски и близок соработник на Крсте Петков Мисирков.

Роден е на 31 коложег (18 по стар стил) 1876 година во селото Папрадиште, Велешко. Уште во младоста заминува на печалба најпрвин во Софија, каде што го доживеал прогонот на Младата македонска книжовна дружина, а оттаму заминал за Русија. Најпрвин работел како железничар на југо-западната пруга во Одеса. Со доселувањето во Петроград се здобил со правото да биде адвокат. Тоа му овозможило полесен пристап до петроградската служба при заведувањето на македонското национално просветно друштво „Свети Кирил и Методиј“. Затоа што поради својот устав во кој се дозволувало само членство на национално освестени и осознаени Македонци бил неприфатлив за руските власти.

Заедно со брат му Димитрија Чуповски, Крсте Петков Мисирков и неколкумина други студенти – Македонци во Санкт Петербург го основаат Македонското научно – литературно другарство, во чија дејност и работење бил еден од неговите најревносните членови. Во рамките на тоа другарство Наце Димов во 1902 година, објавил програма на книги за македонска национална држава во Македонија и програма за македонската национална култура и јазик.

За време на Првата балканска војна во 1912, кога сите членови на МНЛД и македонската колонија во Петербург заминале за Македонија како добороволци да бидат блиску на теренот, тој заминал за Софија за да дејствува меѓу тамошното македонско иселеништво за зачувување на целоста и стекнување независност за Македонија.

Тој заедно со Крсте Мисирков и брат му Димитрија Чуповски биле составувачи и на „Меморандумот за независноста на Македонија“ испратен до рускиот и британскиот министер за надворешни работи сер Едвард Греј, како и до амбасадорите на големите сили на дворот во Лондон во 1913 година. Долго време Димов и членовите на другарството се бореле за издвојување на Македонија како посебна независна држава на Балканот, со своја посебна словенска култура, народ, јазик и црква. Биле подготвени и 1500 буквари на македонски јазик кои требало да се распространат низ македонските села. Но обидот не успеал поради соседните пропаганди во Македонија.

Покрај „Меморандумот за независноста на Македонија“, Наце Димов бил потписник и на уште два други меморандуми во полза на Македонија и Македонците. Бил потписник на меморандумот на македонскиот деец Марко А. Мушевич до руската влада и светиот синод на руската црква за отворање на стручно училиште на македонски јазик со сместување во Житошкиот манастир. За да бидео расадник на кадри за идната просвета во Македонија. Исто така бил потписник и учествувал во составувањето на Меморандумот на Македонците кон владите и општественото мислење на балканските држави од 7 Жетвар 1913 година.