1913.06.07_Меморандум на Македонците – Македонски Глас бр.1

1913.06.07_Меморандум на Македонците - Македонски Глас бр.1

„МЕМОРАНДУМ НА МАКЕДОНЦИТЕ

До владите и до општественото мнение на сојузните балкански држави

Македонците постојано, во текот на вековите востануваа и се бореа за независност и слобода, и со својата упорна борба го помогнаа ослободувањето на Србија, Грција и Бугарија. Кога, по големата ослободителна војна во 1878 година, Македонија одново остана во дотогашната своја неволја, таа со уште поголем самопрегор почна да се бори за својата независност. Само во периодот од 1878 година до сегашната од илјада судири и борби со Турците, борејќи се за својата „ослободителна“ војна, македонските востаници имаа повеќе слобода. Воените успеси што сојузниците ги постигнаа во сегашната кампања се во значителна мерка заслуга и на македонските ополченски и четнички дружини, оформирани од Внатрешната организација и 27-те македонски братства. Повеќе од сто илјади македонски четници и ополченци се бореа рамо до рамо со сојузничките армии. Цела Македонија беше освоена од огромното учество на македонските вооружени сили. При заземањето на многу градови и утврдени места Македонците пројавуваа храброст и самопрегор. Во битките кај Куманово, Црни Врв, Скопје, Велес, Прилеп, Битола, Ресен, Костур, Крџали, Мустенли, Џумаја, Фере, Серес, Солун, Струмица учествуваа македонски ополченски дружини. Кај Булаир, Шар-Кој, Родосто, Кирклисе, Лулебургас, Чаталџа и Одрин не малку благородни македонски синови ги положија своите животи за општото сојузничко дело. Непристапните кресенски и многу други планински прооди во Македонија се наоѓаа, долго пред да ја објават војната сојузниците, во рацете на македонските четници, од каде што тие непрекинато вршеа напади на непријателот и со тоа му ја деморализираа војската. Таквата положба, кога целиот народ како еден човек се бореше заедно со сојузничките војски, за Турската војска создаде вонредно тешки услови и со тоа ја помогна нејзината брза капитулација.
Како најдобар доказ за тоа служи предавањето на единаесетилјадната турска војска на Јавер-паша, која им се предаде единствено и само на македонските ополченци. Со своите акции во спомнатата војна Македонците го потврдија своето природно, општочовечко право на слободно независно постоење и се здобија со цврсти историски аргументи за својата слобода. Но се случи неочекуваната, историска неправда …“