Вероучение – Поука 04

Вероучение - Поука 04
===== МНА ======
Оддел: Духовен
Предмет: Црковна култура (бр. 4)
Тема: Вероучение на православниот христијанин (бр. 4)
-----------------

4. Каде се наоѓа Божјото откровение?

• Божјото откровение, или словото Божјо, е содржано во Светото Писмо, или Библијата, и во Светото Предание, кои се наречени уште и како извори на верата.


5. Што е Светото Писмо?

• Светото Писмо или Библијата е зборник на книги, напишани од свети луѓе, под вдахновение на Светиот Дух. Според црковното учење, овој зборник го содржи словото Божјо.
Светото Писмо е составено од два дела:
I. Стар Завет. Во Стариот Завет е содржано словото Божјо откриено пред доаѓањето на Исуса Христа, и
II. Нов Завет. Во Новиот Завет е содржано словото Божјо откриено преку Исуса Христа и светите апостоли.
Стариот Завет е составен од 24. а Новиот Завет од 27 книги.

-----------------
Прва објава: 28 Снежник 2021
објава: ВБВКИС-БС,СМ2_34-217_ФБ
===== МНА ======