Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1924.03.31_Весник ‘Мир’, К. П. Мисирков – Нашата Вера, Софија
„… Ние Македонците не ја посакуваме несреќата на човештвото, но во исто време би сакале и културното човештво да биде по-внимателно кон нашите човечки барања: да ни се даде право на национално самоопределување, затоа што и ние сме луѓе, а не добиток, којшто продават и раздаваат, без да држат сметка за неговите чувства и желби …“ Посочил: ДООМ
0800+ « 2006_ Florin Curta – Cambridge – ‘Southeastern Europe in the Middle Ages 500 – 1250’
„… Црковнословенскиот пишан јазик на Светите браќа Кирил и Методиј најверојатно е заснован на македонскиот говор којшто се употребувал во нивниот роден град Солун и околината …“ Два од четирити најпознати Старо Црковно-Славјански ракописи произлезени во 11 век се сигурни дека се од Македонско потекло. Посочил: Форум Македонска Вистина
1932.04.19_Христо Трајков во Народното Собрание на Бугарија
Христо Трајков од Кукуш во говор во Народно собрание на Бугарија. „За нас Македонците, Македонија е поделена на три дела“ Христо Трајков е убиен по наредба на Ванчо Михајлов.
1921.12.04_Устав на Македонската Федеративна Револуционерна Организација
Македонската федеративна организација, позната како Македонска федеративна револуционерна организација или Македонска емигрантска федеративна организација била политичка и револуционерна организација на македонската емиграција во Бугарија. Со Уставот на МЕФО била определена целта за дејствување: легална борба за создавање автономна федеративна држава Македонија во нејзините географски и економски граници, независна од балканските држави. Табло со учесниците на конгресот на МЕФО од 1923 година Македонска Нација
Македонски Научен Институт – Статистика за Македонците 1890-1945, Софија
Статистика за Македонците во студија на софискиот Македонски научен институт за периодот 1890 – 1945.
1925-1938_Весникот „Македонско дело“ печатен орган на ВМРО (Обединета)
—- „Македонско дело“ говори за великосрпската, но и за бугарската и грчката асимилаторска политика. „… Ние знаеме дека во овој момент сите со сета душа протестираат против вандалштината на туѓите окупатори (завојувачи) – Грците, Србите и Бугарите.. Белградските управители не ги засега несреќната положба на македонскиот народ, тие само ги засилуваат прогоните, обвиненијата, клеветите, затворањата.. Ние го повикуваме македонскиот народ…
1923_Георги Баждаров – ‘Духот на Македонија’
Ѓорѓи Баждаров македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација. Георги Баждаров е роден на 8 сечко 1881 во серското село Горно Броди, тогаш во Османлиското Царство. Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот „Македонија“. Во 1923 година ја издава книгата „Духот на Македонија“ „ДУЪХЪТЪ НА МАКЕДОНИЯ“ „Од кога светот светува и постои…
1878_Nassau William Senior – ‘Conversations with M. Thiers, M. Guizot and other..’ v. II, London
The real Greeks would have never driven out the Turks. They were too degraded even to wish for liberty. For many years after we had achieved our own independence they called the time of Turkish rule ‘the good times’. It was the Albanians and Macedonians and foreigners who fought the Turks.
1913.12_Списание ‘Македонски Глас’ – Српски терор, Петроград
Списание „Македонски Глас“ За ѕверствата на соседите: Срби и Грци… МАКЕДОНСКIЙ ГОЛОСЪ, бр. 8, стр. 15
1913-1918_Списание ‘Македонски Глас’, бр. 1,2,4,6,9,10,11,…, Петроград
Списание „Македонски Глас“ (исечоци од повеќе броеви) Орган на приврзаниците на независна Македонија Македонски глас е дело на македонската образовна колонија во Петроград, Русија. Се издава од 1913 до 1918 година. БРОЈ 1 БРОЈ 2 БРОЈ 4 БРОЈ 6 БРОЈ 9 БРОЈ 10 БРОЈ 11 РАЗНИ