Оддел: 01А САМОБИТНОСТ
Податоци кои ја потврдуваат македонската национална самобитност.
1902.07.07 – 1902.08.25_’Балкански Гласник‘, Београд
Сите обиди за издавање македонски весник кој би бил гласило за изнесување на македонските гледишта набргу било забранувано од владите на балканските соседи каде што весникот ќе се појавел. Таков бил и весникот ‘Балкански Гласник’ кој зборувајќи за Македонци излегол во 8 броја пред да биде забранет. Посочил: Пољакот од Македонија
1444_Антонио де Бонфини – ’Историја на Унгарците‘
Во време кога на Балканот веќе се присутни Турците за време на крстоносен поход унгарски летописец запишува Македонци како жители јужно од Бугарија. Истиот летописец Бугарите ги определува како славјански народ со ист корен како Пољаците. Посочил: Пољакот од Македонија
1897.10.26 « 1984_Ναουμ Σπανος – ’Ο Μακεδονικος αγωνας, απομνημονευματα‘, Θεσσαλονικη
Грчкиот револуционер од влашко потекло, Наум Спанос, сведочи во 1897 година дека Македонците се определувале како посебен народ и се бореле за слободна и независна Македонија. “… Во Атина дојдов точно на 3 листопад 1897 година и размислував за работа. На 26 листопад ме сретна Апостол Перовски. Ме поздравува: ‘Добро те најдов, војвода, ми вели, ни го обели образот на…
1878.06.23_Весник ‘Македонија’-
„… Ферманот кога излезе од милостивите раце на Н. В. С. А. претставуваше голема утеха за Бугарите кога се видоа сместени во нивните епархии; но таа висока милост не беше дадена само исклучиво за Бугарите, туку истото се вети и за Македонците преку 10-тиот член, според кој, ако си ја покажат сите или 2.3 желбата, ќе успеат да се присоединат…
1908_Allen Upward – ’The east end of Europe‘, pg.202-204, London
„… Во Владово (Воденско), првото село, стигнавме по 2 часа јавање… Побарав да го повикаат човекот кој изгледа беше водечки човек на тоа место и тој дојде во стражарската куќичка и слободно одговори на моите прашања во присуство на еден турски капетан. Прашав на кој јазик зборуваат тие, а мојот грчки преведувач невнимателно преведе ‘булгаре’, а човекот всушност рече ‘македонски!’….
1900_Василъ Кѫнчовъ – ‘Македония, Етнографија и статистика’, София
„… Местните Бугари и Куцовласи, кои живеат во пределите на Македонија се нарекуваат самите Македонци и околните народи така ги нарекуваат. …“ Васил Кнчов бугарски егзархиски чиновник. Посочил: Пољакот од Македонија
1929_Скопско Научно Друштво – ’Гласник‘, Скопље
„… Јас и самите Македонски Словени ги испитував како го нарекуваат својот јазик. Секаде добивав како одговор ‘македонски’. Истиот тој назив го употребуваат и Цинцарите кога зборуваат со македонскотo српско-хрватско наречје. Не сум добил ‘бугарски’ ни во Прилеп од луѓето кои завршиле бугарско училиште. …“ Посочил: Пољакот од Македонија
1915_Манолис Тријантафилидис – ’ΑΡΘΡΑ ΔΑΣΚΑΛΩΝ‘
„… λέγουν πως είναι Μακεδόνες και μιλούν την μακεδονική …“ Грчки јазичар Манолис Тријантафилидис (1883-1959) во 1915 година напишал дека домородните жители во егејскиот дел на Македонија одбиваат да се нарекуваат Грци, но велат дека се Македонци кои зборуваат на македонски јазик. Посочил: Пољакот од Македонија
1977_Ivan Dorovski – ’Sbornik praci filozoficke fakulty Brnenske university‘, p123-126, Brno
Познатиот чешки книжевник, историчар и преведувач – Иван Доровски, во својот труд за развојот на литературните процеси на Балканот во 19ти век посочува дека во 1840тите години тогашните т.н. бугарски учители ја воочиле различноста меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Еден од тие учители, Најден Јовановиќ и практично ја потврдил разликата во 1846 година кога го направил и отпечатил првиот (досега…
1903+ « 1930+_Петар Маринов – ’Робинката‘, Смолјан
„… О, колко страх преживјахме тогава! Ала се царство с насилие не крепи и там, дето има м’ки, народ’т само повалја и власт, и сила, и цар… Една само мис’л имаха тогава И б’лгари И срби И македонци – Една само мечта – да рухне изнемоштјалото османско царство и да видјат вси заробени народи своја родна свобода, в своја слободна…
1943.10.21_Верско поверенство на ГШ на НОВ и ПОМ, Издеглавје
Одлуки за обновување на Охридската Архиепископија и создавање независна помесна Македонска Православна Црква. Листопад 1943 година во Издеглавје, се одржал Првиот собор на македонското православно свештенство на слободната територија, на кој присуствувале тринаесеттина свештеници и претставници на повеќе народноослободителни одбори. Поттикнувач за свикување на соборот било Верското поверенство при Главниот штаб на НОВ и ПОМ, создадено десетина дена пред тоа….
2008_Anatoly Klyosov – ‘Where the Slovens and Indo-Europeans Came From DNA Genealogy provides the Answer’
Погоре: (Варв)Аријската древна татковина во Македонскиот Полуостров, приближно пред 12.000 години и главните патеки на простирање од (Варв)аријската R1a1 генска мутација низ просторот и времето како што е утврдена во ДНА истражувањата на А. А. Кљосов. Аријските преселби произвеле посебни услови кои довеле до културна револуција и јазичен развој од пред околу 10,000-1,000 години. Посочила: Меглена
2008.12.25_iGENEA, Switzerland
„… Древномакедонскиот генетски профил постои и е откриен со споредби на археолошките фондови и личности со македонски корени. Овие проучувања нам ни овозможуваат да ги определиме македонските корени во личноста. Ние имаме 30% од Македонците во Македонија, 20% во северна Грција и малцинствата во Бугарија и Албанија. …“ Извор: iGENEA