„… во мирно време тој корпус составен од Срби, Македонци и Бугари
…
Додека пак за зборот Македонија и другите произведени зборови од него, да се забележи дека тој збор е туѓ и сега влегува во употреба меѓу населението и соодветно нагласокот, како на него така и на производените зборови од него се сообразува со општото правило. Заради тоа, не може да се кажи и никогаш не се кажува: Ма̀кедонија, ма̀кедонец, ма̀кедонче и слично како Бугарите од другите наречја се потсмеваат на Западните Македонци, затоа што уште тие сами се нарекувале, бидејќи тоа би било против општото правило за нагласоците и се вели: Македо́нија, маке́донци и слично.
…“
„Периодическо списание“ кое е гласило на БАН, известува дека во војската на руската царица Екатерина Велика имало и Македонци и како Бугарите им се потсмевале на Македонците бидејки се нарекувале Македонци со свој својствен нагласок.
Очигледно е дека иако спорот трае од поодамна, Бугарите македонското самоопределување пред другите постојано го претставуваат како ново (и погрешно). Цело време како некогаш, така и сега се прават на изненадени како туку што да почнале да слушаат за нечие македонско национално самоопределување.
Посочил: Пољакот од Македонија