Бугарија, преку разни тајни и јавни договори со Грција, Србија и Големите Сили, целосно придонела за поделбата на Македонија и македонскиот народ. Спротивно на волјата на македонскиот народ, бугарската политика ја распродавала македонската земја меѓу балканските држави. Притоа, таа ѝ помогнала на Грција во народносното отстранување на Македонците од беломорска Македонија.
Оваа новинарска вест е многу добар показател за бугарското потиснување на стремежот на Македонците за враќање во својата родна земја.
„… Барањата на македонците-колонисти
На 20-ти, бројна делегација од македонски колонисти од Нова Добруџа се појавила пред господинот Претседател на Владата и господинот Министер за внатрешни работи со цела серија барања. Од суштината на овие барања и начинот на кој се обидуваат да ги реализираат, се гледа вистинската состојба во нашиот крај и менталитетот на македонските колонисти.
И навистина, што мислите, што бараат господата делегати на преселниците од Пинд [планина во беломорска Македонија н.з]? Земја, добиток, семе, плугови? Да им се изградат куќи, да им се додели кредит? О, не! Ним не им требаат такви работи. Фала му на Бога, има многу земја во Кадрилатера [место во Добруџа, северо-источна Бугарија н.з.] која е достапна за орање. Волови, плуг, алатки не им требаат. Зошто тие да работат, кога други може да ја обработуваат земјата, а тие да го соберат плодот?
Зошто би се мачеле да градат куќи, кога во сите села има толку многу и тие се толку удобни! Доволно е само да посакаат, и домаќинот ќе се пресели во барака или дупка, а тие ќе се сместат во убавите соби. Кредит, како што велат, имаат и повеќе од доволно во сите банки, и не се неблагодарни да бараат тоа што веќе го имаат.
Друго ги мачи нив. Друго ги возбудува нивните души, друго ги обединува и ги тера да се појават преку бројна делегација пред господинот Министер за внатрешни работи и господинот Претседател на Владата. Тие бараат пушки, бараат и да ги задржат пушките, бидејќи секогаш имале такви. Не сакаат земја, семе, куќи, туку пушки, бидејќи имајќи пушки, тогаш, земја, семе и куќи лесно се добиваат.
Одговорите на господата министри Вајда и Маниу паднаа како студен туш врз главите на делегатите господа Македонци. Владата, вели одговорот, е должна да го гарантира животот и имотот на сите граѓани од земјата, без разлика дали се Македонци или Бугари. И ако во случај да прибегнат кон немири и тепачки, владата ќе им ја одземе секоја поддршка и ќе ги примени законите на најстрог начин.
Паметни зборови, кажани од разумните управители на една демократска земја. Нека ги освестат господата колонисти Македонци и да ги потсетат дека дошле тука да ораат и сеат, а не да ракуваат со пушки. …“
Посочил: Ash W.

