Одлуката за забрана на значките за Независна Македонија пуштани од Илинденската организација во десетлетијата пред војната.
„До г.г. кметови и раководители на полициски станици.
Многумина од членовите на Организацијата ’Илинден‘ носат значки со две лица, на едната страна е напишано ’Илинден‘, а на другата ’Независна Македонија – за неа ние се бориме, за неа ние умираме‘. Тие значки се стари, од пред војната, но нивното носење внесува смут кај населението од регионот.
Во врска со тоа, повикајте го претседателот на Организацијата ’Илинден‘ во вашиот град и известете го дека Централната управа на истата во Софија им наредила на соодветни организации да бидат снабдени со нови значки, без натписот ’Независна Македонија‘, и бара сите стари значки да бидат собрани и испратени во Софија за да бидат заменети.
Околиски полициски началник Атанас Ј. Пеев.“
Во повеќе наврати, штом се губела надежта за побугарчување на Вардарскиот дел од Македонија, бугарската политика кон Македонија лажно се демократизирала и во извесна мера ги признавала Македонците. Но кога ќе се отворела можност за насилство врз Македонците, Бугарија одеднаш ги покажувала сите свои зли намери и тоа со примена на фашистички насилни методи.