1944_British Military Mission, Bresonese – MacDonald

„… Македонското партизанско движење во својата основа пред сѐ е националистичко, а потоа комунистичко движење. Во нивната пропаганда, за цело време нагласувањето е ставено на македонската национална независност. Бидејќи тие немале независност од дванаесеттиот век, очигледната брзина во реализирањето на оваа цел ги има обединето сите нијанси на политичкото мислење во Македонија позади партизанското движење… Нивните водачи сериозно сметаат дека Грција и Бугарија ќе ѝ отстапат територии на нова Македонија. Според нив, границите би се протегале од реката Места до Охрид и од Солун до Куманово. Јас би нагласил дека ова не е некое мудрување, туку сериозно е поставено од Апостолски (Михајло Апостолски, н.з.), Абас (Цветко Узуновски, н.з.) и другите’.

Нашите партизани постојано покажуваат одвратност кон неактивноста на андартите, а од друга страна тие зборуваат многу убаво за грчкиот народ кој ги хранеше преку целата зима и се грижеше за ранетите… Под режимот на Метаксас, македонскиот јазик бил целосно забранетМакедонските територијални барања вклучуваат дел од Солун и северно од него. На ова ќе се осврнам подоцна. Јас многу пати го покренав прашањето на грчката спремност да изгубат територија во корист на Македонија.

Партизаните сметаат дека во однос на тоа не би требало да има проблеми бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. Слободното гласање би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани. Ист е случајот и со Албанија. Трите партизански движења, албанското, грчкото и македонското, навистина имаат многу силни заеднички врски, не покажуваат страв или сомневање едно од друго и дејствено и подготвено соработуваат. …“

 

Посочил: Портал Денешен