1905 година кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузбашија, со последниот куршум се самоубил гевгелискиот Војвода Леонид Јанков.
Борбата, што ја водел заедно со уште неколкумина негови соборци траела цел ден. За херојската борба на Војводата Леонид Јанков и ден денес се пее и се раскажува во Гевгелија и низ цела Македонија.