Потекнува од печалбарско сиромашно семејство, а во НОБ е учесник од 1941 година, кога се вклучил во партизански одред. Карангелевски станал скоевец во 1941 година, а од 1943 година и член на КПМ.
Во текот на НОБ со одредот дејствувале на потегот по планините Пелистер, Баба и Вич. На почетокот бил командир на чета, потоа командант на баталјон, заменик- командант на бригада, командант на бригада и командант на дивизија.
Во текот на снежник 1943 година, кога Германците подготвувале офанзива против бригадата, Васко Карангелевски учествувал во борба гради в гради во која загинале педесетина Германци, 42 биле заробени, како и пушки, митралези, минофрлачи и муниција.
Карангелевски со баталјонот „Стив Наумов“ учествувал во Февруарскиот поход, а кога била формирана Третата македонска ударна бригада, тој станал командант на баталјон со кој учествувал во многу борби во Македонија: кај Ново Село, кај Пробиштип, во офанзивата на Герман Планина, на Плачковица, Огражден и други места.
По ослободувањето дипломирал на Воената академија „Ворошилов“ во СССР, на ВВА и на Курсот за оператика на тогашната ЈНА. Бил командант на дивизија, началник на штаб на корпус и на подрачје, началник на штаб на армиска област и командант на армија.
За народен херој бил прогласен на 29 студен 1953 година.
Карангелевски според официјалната верзија загинал во несреќен случај, за време на лов на терените на планината Караџица кај Македонски Брод. Но, до ден-денес остана мистерија, како е можно борец во НОБ, школуван војник, генерал и пасиониран љубител на лов, да загине така што „се лизнал и пушката сама пукнала“, како што беше објаснуван „несреќниот случај“ во кој е загинат уште еден Македонец.
Загинал на 3 сечко 1977 година кај Македонски Брод, според официјално известување во несреќен случај, но останаа сомнежите кои се проширија дека генералот Карангелевски бил ликвидиран од безбедносните служби на тогашна СФРЈ заради „национализам“ затоа што барал во Територијалната одбрана на Македонија да службуваат само Македонци.
Трагичната смрт се случил кога Карангелевски бил командант на Скопската воена област со чин генерал-полковник.
Посочил: Портал Денешен