„… Гласот за пристигнувањето во Џумаја на вашето Превасходство даде добри надежи и на нас македонците, жители во околијата Малешево кои постојано и најлошо страдаат до ден денешен.
…
Нашата македонска крв, со која сме решени поради неволја да крвариме уште од пред две илјади години, немилостиво осудена и презрена Македонија, при сегашните европски господарски народи сака да даде крај веќе да не се споменува великата и некогашна слава!!! … Азијатските народи може во нивните стари преданија да сакаат бришење на името Македонија во светот! Но просветена Европа дали има причини и уште ли не родила спасител да не избави од прататковскиот грев? О, Исусе, спасителу христијански! Не можеме повеќе да се проколнуваме себе си, но ти семоќен боже, накажи ја таа европска држава, која сака уште да нѐ држи во пеколот на турчинот – антихрист, да не ни помине судбината. …“
Посочиле: Гоце Панговски и Види Види