Писмо на К. П. Мисирков 1905 год. во кое се обраќа кон својот професор замолувајќи да добие материјали за објава во идното месечно списание „Вардар“ кое ќе се занимава со македонското прашање.
Содржина на писмото:
Од 1 август ов. г. почнувам да издавам во Одеса месечно потцензурно списание „Вардар“, посветено на интересите на Македонија, коешто исто така ќе има и чисто научни цели во областа на проучувањето на јужното словенство и на Балканскиот Полуостров од разни гледни точки. „Вардар“ по можност ќе се стреми да ги задоволи како своите балкански читатели и лицата што се интересираат воопшто за македонското прашање, така и научниците што се интересираат воопшто за македонското прашање, така и научниците што се интересираат за Македонија во лингвистички, етнографски, географски, филолошки и историски поглед. Меѓу другото, во секој број на „Вардар“ ќе бидат печатени кратки информации за поважните политички настани во одделните словенски народи, за смртта и дејноста на поистакнатите политички или литературни и научни дејци од одделните словенски народи. Овие информации би можело да бидат подготвени од рубриките „Хроника“ на списанијата што се издаваат на словенските јазици.
За успехот на целите што ги има изданието, покорно Ве молам, длабокопочитуван Иван Александрович, да не откажете да ми испратите статии, популарно изложени од областа на општата лингвистика и за спорните прашања од областа на јужнословенската филологија, како и инфорамации за поважните настани во животот на полскиот народ, напишани од Вас, од Вашата длабокопочитувана сопруга или од некое друго лице од полската народност. Информациите за западните Словени за мене ќе бидат особено драгоцени, бидејќи кај нас на Јутот се имаат мошне нејасни, да не речам дека не се имаа претстави за тоа што се случува на словенскиот Запад. За информациите за Литовците јас ќе му се обратам на Е. А. Волтер.
Би сакал да верувам дека мојата молба ќе ми биде уважена и дека до 15 – 20 јули јас ќе добијам некаков материјал за првата книшка на „Вардар“, којшто треба да излезе на 1 август ов. г.
Молам да ѝ го предадете мојот поклон на длабокопочитуваната Ваша сопруга.
Со искрено уважение
Вашиот ученик
К. Мисирков