Ова е исклучително значајно писмо од Гоце Делчев, клучната македонска историска личност. Делчев, непосредно го користи изразот „македонскиот народ“, јасно определувајќи го како посебна народносна единка, која трпи не само надворешни удари, туку најмногу од се пати од внатрешните предавства („синови изроди“). Целата смисла е јасна дека Гоце Делчев македонскиот народ го сметал за самостоен народ. Доколку не било така, доколку Македонците би ги сметал за дел од друга нација, тогаш штетите од предавствата неизбежно ги поврзал со нив.
Исто така писмото содржи отворена и непосредна критика кон историскиот негатор на македонската самобитност – Бугарија. Делчев изразува „тревога и возмущение“ од дејноста на бугарските партизанства, од приврзаниците на бугарската влада и од самата влада. Ова ја разоткрива бугарската политика и нејзините тајни цели: дека дејствата на бугарската држава и нејзините агенти во Македонија се спротивни на засегањата на македонското ослободително движење. „Бугарските партизанства“ се толку нечесни што предизвикуваат одвратност дури и кон „чесните елементи“ во Бугарија. Ова е јасен доказ за судирот меѓу македонската револуционерна цел и бугарската политика, што го руши наративот за „заедничка кауза“ помеѓу нив. Од една страна македонски народ, чија кој пати од внатрешните предавства, додека од друга страна “бугарските партизанства“, односно бугарските упади во борбата за слобода на тој народ.
Дополнително додека Дончо Златков како врховистички војвода е критикуван, има позитивно изразување за Стефан Костадинов, член на ТМРО.
Современ Македонски
Писмо. Изразува грижа и негодување за дејноста на војводата Дончо Златков, како и за бугарските партизанства, за приврзаниците на бугарската влада и за самата влада.
Никола,
Сите досега испратени писма сум ги примил навреме, но разни причини ме тераа да не одговорам на ниту едно.
Никогаш не би сакал да добивам писма со содржина каква што беше денешното писмо.
Кога несреќата се појавува на сцената, таа не се задоволува само со еден крај, во еден агол да игра, туку сака колку што е можно поголем простор да заземе.
Не само гласот за навлекување (ако, се разбира, е верен) е поразителен, туку многу по-грдо се појавува Дончо¹ со своите „јунаци“.
Дали има народ што толку многу трпел од своите синови изроди, колку македонскиот!…
Што да се прави?…
Ми пишуваш за телеграмите испратени против началникот; бугарските партизанства се такви што човек се згадува и од чесните елементи, и од приврзаниците на владата, и од самата влада.
Нека началникот не се плаши од отпуштање, затоа што не веруваат на депешите; разбојникот знае дека е разбојник, а и другарите му се разбојници.
Ако можеш, пиши му на Казанџиев да го испрати топонот преку Ст. Костадинов², кога ќе помине насамо од Кочариново.
По 4–5 дена можеби ќе навратам кај вас.
Наскоро ќе бидат испратени и 13-те маченици и други 100 кримки и други некои работи³.
Со братски поздрав Ахил.
97 година.
Софија, 22/IV.
¹ Дончо Златков — харамија и врховистички војвода, кој водел вооружена борба против ТМОРО и истовремено вршел грабежи во Североисточна Македонија.
² Стефан Костадинов — од с. Хотово, Мелничко, активен член на ТМОРО.
³ Подвлеченото во писмото е казнена чета на Г. Делчев. Наведените акции требало да дејствуваат.
Изворно (OCR)
Писмо. Изказва тревога и възмущение от дейността на войводата Дончо Златков, както и от българските партизанства, от привържениците на българското правителство и от самото правителство.
Никола,
Всичките досега изпратени писма приел съм ги навреме, но разни причини ме правеха да не отговарям нито на едно.
Никогаже не бих желал да получавам писма с съдържание, каквото беше на днешното писмо.
Когато нещастието се явява на сцената, то не се задоволява само в един край, в един кът да играе, а иска колкото е възможно по-широко пространство да заеме.
Не само слухът за увлечение (ако е, разбира се, верен) е поразителен, но много по-грозя се явява Дончо¹ с своите герои.
Надали има народ, който толкова много да е търпел от своите синове изроди, колкото македонския!…
Що да се прави?…
Писваш ми за телеграмите, пратени против началника; българските партизанства са такива, че човек отвръщава се и от честните елементи, и от привърженици на правителството, и от самото правителство.
Нека началника не се страхува от уволнение, защото не верват на депешите; разбойника знае, че е и другарите му са разбойници.
Ако можеш, пиши на Казанджиев да проводи топона по Ст. Костадинов², когато намине за насам от Кочариново.
Подир 4—5 дни може би ще заобиколя при вас.
Наскоро ще се пратят и 13-тте мартири и други 100 криимки и други некои работи³.
С братски поздрав Ахил.
97 годи[на].
София, 22/IV.
¹ Дончо Златков — харамия и върховистки войвода, който водел въоръжена борба против ТМОРО и същевременно вършел обири в Североизточна Македония.
² Стефан Костадинов — от с. Хотово, Мелнишко, активен член на ТМОРО.
³ Подчертаваната в писмото е наказателна вече на Г. Делчев. Дадените акции е трябвало да оперират.

