1930.02.02_МПО до Лигата на народите, писмо

„… хрватскиот и македонскиот народ бараат обновување на нивните независни држави во границите на нивните историски и политички територии, засновано на принципот на самоопределување. …“

 

2 сечко 1930
Торонто, Онтарио, Канада 

До: Г-дин Ерик Драмонд,  
Лига на Нациите,  
Женева, Швајцарија,  
Европа.  

Почитуван Господине,

Хрватите и Македонците од градот Торонто, Канада, кои се собраа на масовен состанок денес, Ви упатуваат најсрдечни поздрави. Ве молиме да им пренесете на Високиот Совет и Собранието на Лигата на нациите дека хрватскиот и македонскиот народ бараат обновување на нивните независни држави во границите на нивните историски и политички територии, засновано на принципот на самоопределување, за да се зачува Светскиот мир.

Во интерес на човештвото и заштита на правата на потчинетиот хрватски и македонски народ, бараме итно ослободување на д-р Мачек, лидерот на Хрватите, кој беше неправедно обвинет и тајно префрлен во белградскиот затвор „Главнача“.

Ја нагласуваме потребата од меѓународни истраги за полициските злосторства и контрола врз диктаторските постапки, преку кои многу невини Хрвати и Македонци се мачени и убиени во затворите.

Печат: Македонска Политичка Организација ПРАВДА, основана 11 косар 1922  
Торонто, Онтарио

Претседател,  
Шаусе Лобашериев (рачен потпис)

 

Посочил: Ash W
Извор: Архива на Лигата на Нациите, Женева, Швајцарија, стр. 146

Слична содржина
1945.08.02_МПО - Илинденски излет, САД