„… БИТОЛЧАНИ И БИТОЛЧАНКИ
Изминаја три и пол години от дено, кога го поробија Македонскиот народ, трупите на подивелиот Хитлер и неговите слуги – Бугарските фашистки окупатори. Изминаја три и пол години на економско политичко ропство, на масови убиства, затвори, интервенции, концентрациони логори и најмрачна средновековна инквизиција на Македонскиот и на сите други поробени народи во Европа.
Уште една држава на европски континент требаше да биде прегазена за да можи мрачниот фашизам да се фрли и на другите две останати големи демократски држави: Англија и Америка. Таа држава беше братска Русија. Со крвта на својот правдољубив и слободољубив народ, со својата славна и непобедима Црвена Армија — го задави фашистичкиот ѕвер, што беше излегол од својата пештера Германија за да руши и пали тоа што се градело со десетици векови.
После силните ударци што ги доби од исток, но закаснеа и ударците од запад и од самите поробени европски држави, фашистичкиот ѕвер, полека, полека, почна да се прибира во својата јазбина — Германија за да биде така страшно дотолчен, да не може никогаш повеќе да дигне глава.
Ето, и низ нашиот град поминаа и последните полчишта на некогашните есесовци во својот последен марш за Германија. Некогаш, најголемиот идеал им беше господство над цел свет, а пак сега да се доберат некако до Германија, не мислејќи повеќе на казната што ги чека за зверствата што ги направија низ Европа. Но колку далеку е таа нивна Германија! Од невината крв што ја пролија по селата и градовите на поробените народи изникна една нова, снажна народна војска што нема да им позволи да се извлечат ни од толку измачената Македонија, а камоли од другите братски земји.
БИТОЛА ГРАДОТ НА НАРОДНИОТ ГЕРОЈ Стефан Наумов е слободна
Идеалот на нашите Илинденци-борби од минатото и на нашите денешни борци-СЛАВНИТЕ ПАРТИЗАНИ е остварен:
На поголемиот дел од МАКЕДОНСКАТА земја за прв пат после толку векови ропство е господар само македонскиот народ и над МАКЕДОНИЈА се вее славното МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ.
Битолчани и битолчанки,
Од денес власта е во рацете на народот. Во името на таа народна власт се покануваат сите граѓани и граѓанки да заборават на сите меѓусебни расправии, што го разединувале македонскиот народ во минатото и да го запазат мирот, редот и спокојството.
Да е жива слободна Македонија во федеративна и демократска Југославија!
Да е жива врховната Народно-ослободителна власт на Македонија АСНОМ.
Да е жива Н. О. Војска и П. О. на Македонија!
Да живее водачот на народите на ЈУГОСЛАВИЈА маршал Тито!
СМРТ НА ФАШИЗМОТ – СЛОБОДА НА НАРОДОТ!
Местен Народноослободителен Одбор Битола …“
* Препознавањето на текстот од сликата (OCR) е извршенo од страна на ВУ DeepSeek – DeepSeek компанија.

