1944.10.01_ЦК КПМ до ЦК БРП (К), писмо

Вероучение - Поука 03

На состанокот другарите Темпо и Лазо се спогодиле со Вас во следните точки:

1. Македонскиот народ во бугарскиот дел на Македонија има право на самоопределување до отцепување и доброволно обединување со други народи.

2. Врз основа на тоа основно демократско право, македонскиот народ има право, по своја волја, да формира свои национални единици кои што, засега ќе се наоѓаат во составот на бугарската народна армија и како такви, ќе се борат рамо до рамо, со македонските единици на народноослободителната војска на Југославија против Хитлерова Германија.

3. Исто така, врз основа на тоа свое демократско право, македонскиот народ создава посебни национално-ослободителни комитети по сите градови и села на бугарскиот дел од Македонија. Обласниот НО комитет на Горноџумајската област би раководел со работата на тие комитети и би ја координирал нивната работа. Но тој има право, потпирајќи се на ОФ, истовремено во масите да ја пренесе борбата за присоединување кон својата матица.

4. Најпосле, врз основа на тоа свое основно демократско право, македонскиот народ има полна слобода на пропаганда за обединување на македонскиот народ, односно, за присоединување на бугарскиот дел на Македонија кон својата матица. Се разбира, паролата за обединување не треба да се поставува како акциона парола, т.е. ние сега не го поставуваме прашањето за неодложно присоединување. Се надеваме дека искрено и на дело ќе пристапите кон извршување на заедничките заклучоци.

ДАРМ, ф.НОБ, ЦК на КПМ, К-3, инв. бр.2057/ 1944

 

Посочил: Портал Македонска Нација