Македонските политички затвореници од затворот Касандра (на истоимениот крак на Полуостровот Халкидик) во денешна Грција, упатиле повик (апел) за помош до Владите на СССР, Велика Британија и САД.
Во повикот од затворените Македонци, меѓу другото, се вели: „… Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција …“.
Посочил: Портал Денешен