„… Оваа ситуација наметнува тешки и важни задачи пред НОФ и пред целиот македонски народ. НОФ треба уште повеќе да го мобилизира македонскиот народ и да биде вистински негов водач. Ефикасно да помогне 1949 година да биде година на победата и мирот што претставува вековен копнеж на грчкиот и македонскиот народ.
Затоа едногласно решава:
3. Решава да се свика II-от конгрес на НОФ во текот на месец март 1949 година.
II Конгрес на НОФ ќе биде Конгрес на прокламирање на новите програмски начела на НОФ, начела што се вековна желба на нашиот народ, ќе прокламира соединување на Македонија во една независна, рамноправна македонска држава во народно-демократска федерација на балканските народи, што е остварување на долгогодишните крвави борби. …”
Објавено во „Непокорен”, орган на НОФ на Македонците во Егејска Македонија, од 16 сечко 1949.
Посочил: Портал Македонска Нација