1934.01.24—1936_Македонски Вести (Ангел Динев, Михаил Сматракалев, Коста Веселинов), Софија

1934.01.24—1936_Македонски Вести (Ангел Динев, Михаил Сматракалев, Коста Веселинов), Софија

На ден 24.01.1934 година во Софија излегол од печат првиот број на неделното списание за историја, наука, култура и книжевност „Македонски вести“, чиј сопственик бил Ангел Динев, а главни уредници биле Михаил Сматракалев и Коста Веселинов.

Списанието си поставило задача да ја изнесува историјата на македонското ослободително движење и да се бори за македонската кауза, а беше гласило на ВМРО (обединета). Весникот се печател сѐ до 1936 година, кога бугарската власт го забранила неговото издавање.

На фотографијата е специјален број на весникот од косар 1935 година, посветен на 32-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Ангел Динев во 1938 по повод 35-годишнината од смртта на Гоце Делчев се обидел да го издаде и списанието „Гоцев лист“, но Бугарија го забранила неговот издавање.

 

Посочил: macedonia-news