„… СРЕШТА
Едноактна сцена во стихови на простонароден македонски говор од борбите за полит. борби за ослободување од турското робство, посветена во помен на апостола на свободата,
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
од неговиот соратник и идеен другар
Војдан Чернодрински …“
Оперетката „Средба“ од 1903 година е прва македонска оперетка и е посветена на Гоце Делчев непосредно по повод неговото загинување.
Војдан Чернодрински е писател и драмски творец во чие творештво, средишниот интерес бил промовирањето на македонскиот јазик и кој никогаш на никаков начин не го поврзувал со бугарскиот или некој друг јазик. За да се биде член на неговото театарско друштво неопходен услов било да се знае и говори македонски јазик. Членувал или самиот основал здруженија и друштва, кои биле осудувани и прогонувани од бугарските власти.
Ова се називите на театарските друштва кои ги основал: „Скрб и утеха“, „Столичен македонски театар“, „Македонски театар“, „Македонско-одрински театар со оркестар“, „Македонска трупа“, „Македонски илинденски зговор“ и театар „Илинден“. Скоро сите го носат предзнакот „македонски“, а без исклучок сите посветени на Македонија. Ниту едно од нив, не се поврзува со друг народ, освен македонскиот. Очигледно е дека со својата уметничка посветеност, работел во мисија за ослободувањето и издигнувањето само на македонскиот народ, како посебен народ.

